Шивачките дуќани во криза се прилагодуваат на потребите на пазарот
Прво короната, а сега и економската криза и поскапувањата ги погодија занаетите особено шивачите и кројачите. Велат дека нема заработувачка како пред пандемијата, но решение за да се извади парче леб прво најдоа во шиењето маски, а сега со шиењето платнени торби како резултат на исфрлањето од употреба на пластичните кеси.
- Немаа навика да употребуваат торби од материјали, многу ретко. Откако се донесоа одлуките, побарувањата се зголемија, разни модели почнаа да побаруваат од мали до големи, вели Вера Попчановска, сопственичка на занаетчиска работилница.
Дури и младите се заинтересирале за платнените торби.
-Неколку другарки тинејџерки ќе се соберат и порачуваат за да си ги исцртаат, од здруженија исто така со нивното лого. Имавме исто порачки за 8 март, наместо каранфили, поклоните ги заменија со торби, секоја муштерика која дојде кај мене подарок за Осми Март доби торба, вели Попчановска.
Поскапувањата пак ќе ги принудат да ги покачат цените.
- Поскапеа материјалите со кои работиме, поскапе електричната енергија, занаетот е погоден. Притиснати сме од целата ситуација и ќе мора да се зголемат цените на услугите, вели таа.
Апелираат до граѓаните како занаетчии што повеќе да употребуваат торби од природни материјали за заштита на животната средина.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар