-->
-->
Шишковски: Мислиме само на Шпанија
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година е втор ден во својата база во Сопот, Полска каде се подгтовува за натпреварите од групата на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Македонија првиот натпревар на шампионатот го игра во сабота на 17.јуни во Гдиња (почеток 20:45 часот) со селекцијата на Шпанија.
- Малку сме возбудени, но сите ние заедно го направивме овој резултат - учество на едно големо натпреварување. Сега се подготвувавме само за првиот противник селекцијата на Шпанија, другите ривали од групата (Србија и Португалија) не сме ги анализирале и ќе одиме од натпревар во натпревар. На стартот е најважен дуелот со Шпанија, изјави Дамјан Шишковски.
Во нашата група во првото коло истиот ден (17.јуни) играат Србија и Португалија во Бидгошч со почеток во 18 часот.
Натпреварите на Европското првенство стартуваат во петок на 16.јуни кога играат: Шведска – Англија и Полска – Шведска од групата А.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето