-->
-->
Шест лица заболени од шуга, две од варичела во транзитниот центар Табановце
-->
Шест лица сместени во транзиниот центар Табановце се заболени од шуга, а две лица се заболени од варичела, изјави денеска доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје и нагласи дека заболените се прегледени од дерматовенеролог во дисперзираната амбуланта во центарот во Табановце, доделена им е терапија, а лицата со кои имале контакт, се изолирани и се преземени мерки пртив понатамошно ширење на болеста.
Заболените од шуга се на возраст од 13 до 34 години и едно е дете до една година, додека заболените од варичела се на возраст од 5 и 8 години.
- Тимовите од Центарот за јавно здравје, специјалисти по хигиена и епидемиолози спроведуваат санитарно-хигиенско- епидемиолошки увид во центарот и два пати дневно се спроведува дезинфекција на просторот и објектите во центарот и се спроведуваат задолжителни процедури за зголемена хигиенизација на центарот,како и отстранување од комуналниот отпад, изјави Стаменковска.
Доктор Абдул Салам Сабух од Црвениот Крст, од транзитниот центар Табановце, изјави дека состојбата е под контрола, има доволно лекови, гелови, креми и шампони за лекување на заболените.
- Даден е третман на сите заболени кои се дијагностицирани од страна на лекарите и кои се евидентирани во посебен список, според возраста, земјата од каде доаѓаат и дадената терапија.Евиденцијата е доставена до Центарот за јавно здравје Куманово, изјави доктор Сабух.
Инаку, вчера во центарот имало вкупно 1.349 мигранти, од кои 1.010 во кампот и 339 на гранична линија помеѓу Македонија и Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци