Сферни огледала за побезбеден сообраќај во Делчево
За побезбеден сообраќај на непрегледни крстосници во населби во Делчево се поставуваат сферни огледала со што ќе се решат тесните грла во градскиот сообраќај кои беа место на чести сообраќајни незгоди и инциденти.
Како што информираат од општина Делчево досега се поставени сферни огледала на две крстосници и тоа во населбите Реон 1 и Стар Расадник во Делчево, каде се поставени две сферни огледала наменети за обезбедување минимална должина на прегледност.
Првата крстосница е помеѓу улиците „Голачка“, „Мирче Ацев“ и „Иво Лола Рибар“ во населба 1 Реон, а втората крстосница е помеѓу улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Видое Смилевски Бато“ и „Мито Хаџи Василев Јасмин“ во населбата Стар Расадник.
Со поставувањето на овој тип на сообраќајна опрема се овозможува поголема прегледност при разминувањето на возилата, велат во Општина Делчево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга