Северна Кореја со закани за нуклеарен напад „во срцето на САД“
Северна Кореја се закани дека ќе изврши нуклеарен напад „во срцето на САД“ доколку Вашингтон се обиде да изврши смена на режимот, јавија јужнокорејски медиуми пренесувајќи извештај на севернокорејската агенција КЦНА.
– Доколку САД се обидат да покажат дури и најмал знак за обид за симнување од власт на нашиот лидер, ќе нападнеме во срцето на САД со нашето моќно нуклеарно оружје, јави КЦНА цитирајќи портпарол на Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг.
Заканите се дадени како одговор на забелешки на шефот на ЦИА МНајк Помпео кој минатата недела на форум рече дека алудира на смена на режимот во Северна Кореја.
– Изјавата на Помпео ја премина линија и сега е јасно дека ставот на администрацијата на Трамп е смена на режимот, изјавил портпаролот на севернокорејското МНР.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите