Сертификати за туристички водичи на Кокино
На 50 лиценцирани туристички водачи кои поминале обука за водење туристи на архео-астрономскиот локалитет Татиќев Камен - Кокино денеска ќе им бидат доделени сертификати.
На доделувањето ќе се обратат директорката на НУ Музеј Куманово Анита Цветановска, менаџерот од Канцеларијата за економски развој на УСАИД Македонија, Татјана Марковска и националниот програмски координатор во Швајцарската агенција за развој и соработка, Анета Дамјановска.
Архео-астрономскиот локалитет Кокино е еден од можеби највредните локалитети во регионот, еднакво интересен за стручната јавност колку и за посетителите кои доаѓаат како туристи. За да го поддржи развојот на локалитетот, а во соработка и координација со НУ Музеј Куманово, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси донираше информативни табли, патокази, заштитна ограда за еден дел од локалитетот и го поддржа објавувањето на официјалната веб страна на Кокино – kokino.mk.
Според прописите на Музејот, сите водичи кои сакаат да носат тури на Кокино треба да поминат обука за водење на обуките и да го најавуваат своето присуство на локалитетот во Музејот. Ова ќе овозможи повисок квалитет на турите, но и следливост на бројот на посетители на локалитетот, како и воведување систем на наплата на влезници, со кој ќе се обезбедат редовни приходи за понатамошно подобрување на инфраструктурата на и околу Кокино и одржување на локалитетот.
Ново на Сител
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава