-->
-->
Сенатот на САД ја одобри кандидатурата на Џон Саливан за прв заменик државен-секретар
-->
Сенатот на САД ја одобри кандидатурата на правникот Џон Саливан за прв заменик државен секретар, јави ТАСС.
Педесет и седум годишниот Саливан беше номиниран минатиот месец за втората по важност позиција во Стејт департментот од претседателот Доналд Трамп.
Саливан од 2010 до 2016 година ја предводел специјалната владина комисија за подобрување на економските односи меѓу САД и Ирак. Има големо работно искуство во различни приватни структури, вклучувајќи го и партнерството во правна фирма. Заземал важни позиции во министерствата за финансии, трговија и одбрана.
Од 2007 до 2009 година Саливан бил заменик-министер за трговија. Во Пентагон работел како заменик-правен консултант. Одбранил дисертација за правни науки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот
-
Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти
-
Да се носи маска во болниците и клиниките - препорака од Министерството за здравство за заштита од грипот
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи