Семинар за ефикасно справување со криумчарење мигранти
Семинар на тема „Ефективна борба против криумчарење на мигранти“ наменет за судии и јавни обвинители од сите апелациски подрачја организира Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и UNODC (Канцеларијата на ОН за дрога и криминал).
Примарната цел на UNODC во однос на фокусирање на шверцувањето на мигранти е да се промовира глобално почитување на Протоколот за шверцувањето на мигранти, кој што до денес брои 142 држави членки, и да им се помогне на државите во нивните заложби за ефективна имплементација.
Протоколот за шверцувањето на мигранти има за цел да го спречи и да се бори против шверцувањето на мигранти, заштита на правата на шверцуваните мигранти и промоција на соработката помеѓу Државите членки за таа цел.
Семинарот ќе обезбеди можност за дискутирање на најдобрите практики за подобрување на успешно гонење и пресуди во случаите на криумчарење на мигранти, со истовремена заштита на истите.
Вистински случаи од различна јурисдикција со сличен правен систем ќе се користат за да се истражат релевантните прашања во случаите на криумчарење на мигранти, вклучувајќи ги специфичните предизвици поврзани со вклученоста на организираниот криминал во шверцувањето на мигранти.
Излагања поврзани со темата на семинарот ќе имаат Димче Пажески, Јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Битола, Симона Рагаци, судија во Судот на Катанија – Италија, и Дарио Скалета, обвинител во Канцеларија на заменикот на обвинителот во Судот на Палермо.
Ново на Сител
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид