Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, утрово во 5 часот и 56 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 87 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Дебарца-Плакенска Планина.
Земјотресот, како што информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Демир Хисар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека во овој дел од земјава, во околината на Ресен, регистрирал земјотрес со јачина од 2,9 степени.
Епицентарот на земјотресот, според ЕМСЦ, бил на 17 километри северно од Ресен и на длабочина од околу 12 километри.
Ново на Сител
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ
-
Дефиле под маски
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот