Седмиот „Џифони Македонија“ со 650 деца и млади од десет земји

Седмото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 12 до 17 октомври 2019, на повеќе локации во Скопје. Шестдневната програма ќе содржи богата филмска понуда, креативни работилници, мастер класови и низа други креативни и едукативни активности кои ќе вклучат над 600 деца и млади на возраст од 11 до 19 години.
„Џифони Македонија“ е дел од големото семејство на„ Giffoni Experience“ од Италија, најголемиот културен настан во светски рамки посветен на филмот, наменет на децата и младите, кој следната година ќе одбележи 50 години од своето постоење со низа настани кои веќе се во тек. „Џифони Македонија“ 2019 ќе биде првиот меѓународен настан во рамките на јубилејната година. Главниот дел од програмата се состои од внимателно селектирани филмови, кои децата поделени по возразни групи, во улога на жири ќе ги одберат најдобрите филмови за младата публика. Освен децата од нашата земја, во жирито ќе учествуваат и околу 50 деца од странство, кои за време на фестивалот ќе бидат гости во домовите на своите другарчиња.
Годинава акцентот ќе биде ставен на две важни теми: заштита на човековата средина, со посебен осврт на воздухот како главна тема на фестивалот, и безбедноста на интернет со борба против врсничко насилство.
За таа цел во Македонија ќе пристигне патувачката училница „Una vita da social“, во која веќе седум години се реализираат едукативни средби со ученици, студенти, наставници и родители ширум Италија. Од 12 до 17 октомври патувачката училница Una vita da social – Живот на социјалните мрежи ќе престојува на повеќе локации во градот и во неа ќе се изведат интерактивни едукативни средби во кои експертите ќе им илустрираат на слушателите како интернетот може да се користи на полезен и безбеден начин, преку запознавање со најнепредвидливите замки и навремена превенција и заштита од можни злоупотреби.
Училницата е дел од европскиот проект „Поврзани генерации“ – Безбеден интернет центар, координиран од италијанското Министерство за образование и наука, а во изведба на експерти од Одделението за безбедност во комуникациите при италијанското Министерство за внатрешни работи.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
