Се уредува гостиварската „Дупка“, еве зошто се вика така оваа населба
Жителите на маргинализираната ромска населба „Дупка“ во Гостивар, спроведоа акција за чистење на нивната наслеба а во пресрет им излезе Општина Гостивар преку Јавното претпријатие „Комуналец“.
Локалните жители ги чистат отпадоците и го собираат на едно место, а јавното претпријатие го превезува отпадот, го израмнува патот и go расчистува каналoт за атмосферските води.
Општина Гостивар ги поддржува и помага во сите акции на жителите од градоските населби и селата, a и иницира вакви активности.
Инаку, ромската населба „Дупка“ постои неколку децении, но целосно била маргинализирана и од локалната и од централната власт. Сегашното раководство на Општина Гостивар е посветено на создавање нормални услови за сите граѓани кои живеат на нејзина територија.
Ново на Сител
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија