Македонија
24. August 2021 - 20:28

Се укинува забраната за движење во шуми, засилени контроли за спречување пожари на отворено

Се укинува забраната за движење во шуми и шумски предели, одлучи Владата на денешната седница.

За заштита и за спречување пожари на отворено, ќе се спроведуваат засилени контроли од страна на МВР и Шумската полиција.

-Како што соопшти владината прес-служба, врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донесе одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели и ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено, соопшти владината прес-служба.

Забраната за движење во шумите и шумските предели беше во сила од 3 август.