Македонија
23. јуни 2024 - 20:19

Падната ограда од надвозник врз автомобили во Автокоманда

Километарски колони и заглавени возила на влезот во Скопје кај населбата Автокоманда.

Силното невреме откачи ограда од надвозник која падна врз автомобили и предизвика прекин во сообраќајот во овој дел од градот. 

На лице место има полициски службеници и служби кои работат на отстранување на последиците од невремето.

Апел до граѓаните за влез во градот да ја користат обиколницата околу Скопје.