Се прошири пожарот на Огражден, со гасне со два хеликоптери
Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, кој избвувна пред осум денови, од синоќа се проширил кон местото Рајаново. Од утрово го гаснат два хеликоптери-„Камов“ од Србија и „Блек хоук“ од Турција, кои се дел од меѓународната помош што ја доби нашата земја за гаснење на пожарите.
Прошрирувањето на пожарот го потврдија од ТППЕ Струмица и Ловното друштво „Елен“ од Ново Село. Според нив, пожарот се префрлил на западната страна на Огражден, но се надеваат дека со помош на хеликоптерите и со поддршка од земја ќе успеат да го запрат.
Од ТППЕ Струмица уште еднаш појаснија дека се работи за крајно недостапен терен, со екстремно високи температури, кои под влијание на големиот пожар имаат развиено специфична микроклима со температури преку 50 степени Целзиусови и засилен ветер.
Инаку, завчера беша изгаснат крајниот северозападен крак од од пожарот, а денеска се продолжува со гаснење на југозападниот крак, веднаш до граничната линија со Бугарија и проширувањето на западната страна.
Ново на Сител
-
Трамп: Доаѓа златна доба за САД
-
Се подготвува нов Закон за судска служба
-
Фетаи: Јавната администрација е пренатрупана
-
Општина Охрид ќе награди пожарникари кои се бореа со пожарите
-
Прилеп конечно после години доби проект за нов театар
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер