Се одржаа петтите Горно - рекански средби
Со прикажување на дел од свадбарските обичаи, во селото Рибница, во општина Маврово-Ростуше, попладнево завршија петтите Горно-рекански средби.
На завршната манифестација во дворот на некогашното училиште во селото Рибница, иселеници, печалбари и малубројните мештани се потсетија на традицијата и животот на нивните предци низ неколкучасовна програма.
Членови на „Друштвото за култура Горна Река“ во колоритната носија и во придружба на оркестар со традционални инструменти низ песна и ора претставија дел од фолклорот на Албанците од регионот на Горна Река.
- Посакуваме да доаѓате почесто во родниот крај и огништето на вашите предци и да продолжите во негувањето на нивната традиција, а оваа манифестација да стане туристичка атракција и за развој на овој крај, рече Медат Куртовски, градоначалник на општина Маврово-Ростуше.
На завршната манифестација настапија неколку реномирани изведувачи на албанската традиционална музика и фолкористите од КУД „Дрита е Дервенит“ од Скопје
На посетителите им беа прикажани и неколку спортски игри, како фрлање камен, влечење јаже и борби на пеливани. За гостите и посетителите беше организран ручек со традционална јанија и алва приготвена во големи казани.
Организаторот „Друштвото за култура Горна Река“ додели признанија и плакети на заслужни лица, кои помогнале во промоцијата на манифестацијата и реканскиот крај.
Изминативе денови во рамки на манифестацијата беше организиран планинарски марш и турнир во мал фудбал.
Регионот на Горна Река во кој има 22 села, е еден од најслабо населените во земјава и во него постојано живеат педесетина семејства. Иселувањето од овој планински регион по долината на Радика било интензивно во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд