Се обновуваат оштетените куќи од Дива Населба во Куманово
Речиси целосно се изградени куќите во улиците „Перо Илиевски“ и „Рушит Шаќир“ кои беа разуранти во антитерористичката операција на МВР на 9 и 10 мај минатата година.
Претседателот на месната заедница Шабан Демири изјави дека опфатени биле 69 куќи, од кои само само четири не биле прифатени за материјално обесштетување бидејќи, како што рече, тие се сопственост на оние лица кои се дел од обвинетите од судскиот процес „Дива Населба“.
- Другите куќи се направени, делумно со средствата кои се добиени од Владата, како надомест на штетата, рече Демири.
Агрон Ајдини, кој живее на улицата „Перо Илиевски“ изјави дека е задоволен од добиената оштета.
- Средствата бргу беа исплатени, за две-три недели. Скоро сме при крај со реновирањето, осумдесет проценти е завршено и очекувам да се вселам за два месеци, рече Ајдини, чија куќа е на почетокот од улицата.
Другите жители очекуваат до почетокот на есента да се вселат во куќите. Побараа и решавање на инфраструктурни проблеми, водовод и поставување асфалт. Нагласија дека живеат во добри односи со соседите од населбата и воопшто во градот.
Веднаш по антитерористичката акција, Владата донесе одлука за обесштетување на куќите. Тогаш, според проценките имаше 66 оштетни куќи и 121 семејство. Владата обезбеди и еднократна помош во вредност од 100.000 денари и средства за плаќање закупнина на оние жители, чии куќи беа најмногу оштетени.
Ново на Сител
-
Гостиварец пробал на сила да ја грабне својата малолетна ќерка
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување атлетска трка
-
Директорка на средно училиште вработила лице со неполно работно време па од други вработени одзела работни часови и ги доделила на лицето
-
Кривична против три лица од Куманово, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста
-
ДУИ: Брисел да се вклучи во истрагата за пожарот
-
Мјанмар спроведува итна крводарителна акција поради големиот број повредени во земјотресот
-
Ирвинг успешно опериран
-
Лафчиски: Членството во НАТО одраз на посветеноста кон колективната безбедност, демократијата, слободата и стабилноста