Се намалува интересот за вакцинација
Една недела од стартот на вакцинацијата во села и рурални места и боцкањето без закажан термин, прва доза на вакцина примиле околу 22 000 граѓани. Бројките покажуваат дека интересот за имунизација опаѓа и е далеку од најавите на министерот Филипче дневно да вакцинираат од 10 до 15 000 граѓани. Вчера во пунктовите прв пат се појавиле околу 4800 граѓани а исто е темпото и изминатите денови. Во поликлиниката Букурешт имаше гужви, но најголем број беа за ревакцинација.
-За втора доза сум да..со Фајзер. Имам закажано за 13.30 но дојдов порано и ќе почекам... велат граѓани.
Иако статистиката не го покажува тоа, лекарите во пунктовите се оптимисти дека ќе стигнеме до посакуваната бројка за колективен имунитет.
-Да ќе стигнеме, иако не да речам до крајот на летото, но есента ќе имаме бројка, вели др. Александар Ристовски од поликлиниката во Букурешт.
А во пунктот во Букурешт оние кои прв пат примаат вакцина се на сите возрасти – и млади и стари.
-Оние кои доаѓаат за прва доза се оние кои дел се двоумеле, има и такви кои не сакале Астра Зенека па сега доаѓаат за друга вакцина, вели др. Ристевски.
Иако во многу помал број, во пунктот во Букурешт вакцинирале и млади од 16 до 18 години за кои нема потреба од аплицирање на сајтот.
Досега во државата целосно заштитени со две дози има околу 267 000 граѓани.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар