Се ликвидира меѓуопштинското јавно претпријатие “Депонија Исток“
Единаесеттте општини од Источниот плански регион почнаа постапка за ликвидација на меѓуопштинското јавно претпријатие за управување со отпад „Депонија Исток“ со седиште во Штип.
Од локалната самоуправа на Кочани информираа дека причина за ликвидацијата на претпријатието е менувањето на пристапот за решавање на прибирањето, транспортот и одлагањето на комуналниот отпад, што ќе добие поширок меѓурегионален опфат.
-Со оглед што јавното претпријатие досега не почна да функционира, донесена е заедничка одлука за негово ликвидирање. Основачкиот влог во вредност од над 300 илјади денари ќе им биде вратен на општините кои пропорционално учествуваа во формирањето. Во меѓувреме, започната е иницијатива за основање ново меѓурегионално јавно претпријатие за управување со отпад кое ќе ги опфати општините од Источниот и од Североистичниот плански регион, истакна Венцо Бојков од Секторот за јавни дејности на општина Кочани.
Иницијативата за основање на јавното претпријатие „Депонија Исток“ почна да се реализира пред околу една ипол година, при што се работеше на студија за одржливост и на изготвување техничка документација за изградба на системот за интегрално управување со отпад. Целиот проект беше вреден над 40 милиони евра, а требаше да се реализира со средства од европските фондови.
За да се реализира постапката за ликвидација на претпријатието, неопходно е општинските совети во локалните самоуправи од Источниот плански регион да донесат соодветна одлука.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување