Се изнајмува куќата каде Трамп ги помина првите години од животот
Приврзаниците на Доналд Трамп и оние кои сакаат да дознаат како во најраното детство живееле актуелниот американскиот претседател, ќе може сега да ја изнајмат куќата во која живеел за 725 долари за една ноќ.
Во таа голема куќа во њујоршки кварт Квинс, трамп ги минал првите четири години од животот. Куќата може да се резервира со неколку „лајкови“ на веб страницата AirBnb.
Куќата со пет соби може да прими 20 луѓе. Ако посетителите сакаат да го следат претседателот на Твитер или гледаат емисија која и тој ја гледа, обезбедени се интернет и телевизија. Во дневниот престој е поставен неговиот картонски лик во природна големина.
- Ова е идеално место за одмор во Њујорк, пишува во огласот на веб сајтот за продажба.
Првите посетители се очекуваат во наредниот викенд.
Куќата, во 1940 година ја изградил таткото на Трамп во елитното предградие Џамајка Естеит. Идниот милијардер и претседател минал во неа уште неколку години, а во 1951 се преселил во куќата, која е недалеку од оваа, и која исто така ја изградил Трамп постариот.
Ново на Сител
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?
-
Социјалните работници ги нема во институциите