Живот
6. March 2016 - 11:40

Се чуствува многу лошо: Игбала се огласи по смртта на Екрем

Игбала сопругата на Екрем од Њујорк изјавила дека се чуствува многу лошо поради тоа што нејзиниот сопруг Екрем Јевриќ почина од срцев удар.
 
– Потполно сум безживотна, сите не изненади и потресе. Сабајлето го испи своето кафе и тргна кон своето работно место и го пронашле мртов во својот автомобил, изјавила Игбала вчера за Блиц.
 
Да потсетиме дека Екрем Јевриќ завчера беше пронајден во својот автомобил. Иако возило на Брза Помош пристигнала многу брзо, не успеале да го спасат.
 
- Во себе имал две кутии цигари, а докторите му велеа дека мора да престане да пуши. Тој не јадеше многу но многу пушеше. Денеска ќе го погребаме, додала Игбала.