СДСМ: Владата го реши проблемот со парното, додека Арсовска ги игнорираше барањата и потребите на скопјани
Додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска ги игнорираше барањата на скопјани да се реши проблемот со парното, Владата предводена од СДСМ презеде низа одговорни чекори за надминување на кризата со топлинската енергија.
Со прогласувањето на кризната состојба се преземаа мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на економскиот стандард на граѓаните.
Согласно владината одлука, АД ЕСМ од 21 јануари да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север се до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје,а скопјани добиваат дополнителни три часа греење до 1:00 часот по полноќ.
Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не партиципираа Град Скопје и општините.
АД ЕСМ во моментот ги покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.
Владата, институциите предводени од СДСМ се целосно посветени на справувањето со енергетската криза. Буџетот за 2022 предвидува ставки за да се излезе во пресрет и во случај ако има дополнителна здравствена и економска енергетска криза.
Очигледна е разликата меѓу одговорното управување со институциите од страна на СДСМ и неработењето на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот