Македонија
2. July 2024 - 16:45

Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?

Координативниот состанок на министрите на ВРЕДИ во кабинетот на Изет Меџити причина за првото разидување во владината коалиција. 

Движењето ЗНАМ реагира што во кабинетот на Меџити покрај македонското и знамето на ЕУ стои и албнаското знаме. По изјавата на лидерот Димитриевски дека ЗНАМ ќе ја напушти Владата, од партијата денеска ја смирауваат топката. Велат дека нивното учество во Владата ќе биде коректор на ваквите процеси и реакција ќе има на секое следно непочитување на законите.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат владината коалција се темели на програмските определби. Без да ја коментираат најавата на Димитриевски за напуштање на коалицијата, од владејачката партија посочуваат дека нема да дозволат непочитување на Уставот и државните симболи.

Слична реакција движењето ЗНАМ претходно имаше и за спикерот Гаши кој заклетвата при преземањето на функцијата прво ја даде на албански па на македонски јазик. Иако не е невообичаено да се видат албански знамиња во кабинетите на министрите Албанци, сепак од ЗНАМ велат дека нивната цел ќе биде промена на ваквиот однос и непочитување на законите.