Македонија
4. July 2024 - 12:33

Македонските компании не знаат за ЕУ стандардите

Микро, малите и средните македонски претпријатија не се запознаени со спогодбата со ЕУ, со која се регулираат обврските од зелената агенда. Секоја домашна фирма која соработува со фирми од земјите членки на Унијата, ќе мора да ги исполни ЕУ стандардите за одржливост или ЕСРС. 

- Можеби поголемите компании кои соработуваат со ЕУ или фирми кои се во нашите ТИР зони се повеќе запознаени, зашто и самите тие може да подлежат на одредени проверки и испитувања од странските фирми. Но, сметам дека свеста треба да се зголеми и многу труд треба да се вложи за повеќето фирми да се запознаат со таа работа, изјави Марија Постоловска, електро инжинер во средно претпријатие

Од 2026 година сите македонски компани доколу сакаат да излезат на европскиот пазар, ќе мора да даваат извештаи до странските партнери за тоа, колку ја заштитуваат животната средина, социјалната заштита и креирање политики во самата компанија

- Во делот на човечките ресурси и развојот на тие човечки ресурси, мора да дадат импакт колку вложиле, а колку се вратило назад. Доколку известуваат во делот на животната средина, мора да дадат известување што направиле со животната средина и како ја вратиле назад. На крајот од денот, потребно е сите овие компании во основа на ЕСРС извештаите да дотавуваат реални и мерливи податоци, изјави Игор Мицкоски, предавач за ЕУ стандардите за одржливост 

За разлика од порано, денес се повеќе компании се охрабруваат да внесат зелени и циркуларни елементи во своето работење, но сеуште тоа е на незадоволително ниво.

- Сакам да ги охрабрам компаниите, бидејќи и несвесно во текот на своето работење многу од нив употребуваат, а не ни знаат дека употребуваат зелени компоненти во својот бизнис, па доколку користат консултанска помош, мислам дека овој вакум простор може многу полесно да се надмине, односно и тие да добијат еден вид на консултанска помош која ќе ги насочи д ги потврдат нивните досгашни активности, а и да отворат поле за нови во дејноста на циркуларна економија, изјави Марија Ефтимовска, индивидуален стратег и консултант во мали и средни претпријатија во зелена и циркуларна економија

Проектот „ЕУ за економски раст“, преку работилници во целните региони, ги обединува на едно место сите чинители да работат заеднички на иницирање и спроведување на зелени и цикркуларни бизнис модели, во кои водечка улога треба да имаат компаниите.