СДСМ: Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се лажни, струјата нема да поскапи
СДСМ соопшти дека се лажни тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оти враќањето на евтината струја ќе ја покачи цената на електричната енергија.
- Граѓаните да бидат спокојни. Ниту во моментов, ниту во блиска иднина ќе нема никакво покачување на цената на електричната енергија, стои во соопштението.
Владата предводена од СДСМ, се додава, ја враќа дневната евтина тарифа на струјата што ВМРО-ДПМНЕ ја укина.
- Од први октовмри, секој ден од 14 до 16 часот сите граѓани ќе можат да користат електрична енергија по поевтина тарифа. Евтината тарифа ќе продолжи да важи и во периодот од 22 до седум часот секој ден и 24 часа во недела, укажува СДСМ.
Појаснува дека враќањето на дневната евтина тарифа на струјата ќе биде овозможено преку кратење на непродуктивните трошоци и домаќинско и одговорно работење на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.
- Со користењето на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат, ќе имаат пониски сметки за струја и ќе им остануваат повеќе пари во семејниот буџет. Ова е само една од низата мерки што ќе овозможат враќање на повеќе пари кај граѓаните, намалување на трошоците за живот и поголеми семејни буџети. Зборот е збор, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат да работат чесно, одговорно и единствено во интерес на граѓаните, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип