СДСМ: Референдумот е нова измама на Мицкоски за граѓаните која нема да успее
Иницијативата на Христијан Мицкоски за референдум е нова негова измама кон граѓаните, која нема да успее.
Мицкоски по четири години бара референдум за договор кој самиот тој јавно пред бугарски официјални претставници го поддржа.
Референдумот на Мицкоски е против македонскиот јазик и македонскиот идентитет во ЕУ и е исклучиво за негова лична внатрепартиска употреба.
Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец.
И самиот Мицкоски зане дека оваа негова измама нема да успее, знае и самиот дека нема поддршка од никого, дека и функционери на неговата ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат.
Цела година Мицкоски зборува за избори, за нови парламентарни мнозинства, ја лаже јавноста со наводна бугаризација и асимилација.
Сите тие негови лаги и измами пропаднаа, нема да успее ниту оваа негова последна измама, граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи нормалното функционирање на државата, нема да дозволат државата да се оддалечи од европскиот пат, само затоа што тој сака да ја спаси фотелјата во белиот дворец.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи