СДСМ: Позитивен сигнал е што Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот
Позитивно е што Христијан Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ се откажува од идејата за бојкот на пописот закажан за април оваа година и СДСМ тоа го поздравува.
Очекуваме дека разумот ќе преовладее кај сите и дека по цели 19 години Република Македонија ќе спроведе попис без мешање на политиката, солгасно стандардите и праксите на Евростат и Обединетите Нации.
Пописот е важна статистичка операција за прибирање на целосни, точни и релевантни податоци кои се основата за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството.
Секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа е возможно само со спроведен попис согласно сите меѓунардони стандарди.
Центар за комуникации со јавноста – СДСМ
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија