Македонија
6. July 2024 - 12:07

Сончево и топло со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени.  УВ-индексот ќе има вредност 9.

Минималната температура утринава е измерена во Лазарополе и изнесува 8 степени, а максималната во Гевгелија 18 степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.