Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата
Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку проблемот е административен. Апелираше до раководствата на ЈСП и на Град Скопје да ги надминат, како што кажа, меѓусебните насогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз.
-Јас тоа го дознав пред неколку минути би рекол дека се случува. Такво барање од Градот Скопје нема. Од тоа кое што можам да го добијам како информација е дека раководството на Јавното сообраќајно претпријатие не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта туку дека е административен проблемот. И апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје да ги надминат меѓусебните несогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз, бидејќи овде не станува збор за, колку што јас сум инфомиран, за недостаток на количини на нафта туку едноставно нешто друго е проблемот. Дали не е потпишан договор, дали нешто друго...нека се именува ново лице, или пак нека направат нешто затоа што ова веќе ги поминува сите граници на едно однесување кое не треба вака да се слулува, изјави премиерот Мицкоски.
Премиерот, кој денеска објави дека до крајот на неделава ќе му се префрлат 120 милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите, потенцираше дека сега проблемот не е поврзан со нафтата.
-Еве 120 милиони како Влада ќе префрлиме уште веднаш, би рекол во текот на денешниот ден ако е тоа возможно. Треба сепак прво да излезе одлуката. Оваа недела ќе добијат 120 милиони денари, изјави Мицкоски.
На новинарско прашање за тоа како да се решат проблемите со автобусите во Скопје и со функционирањето на Градот, рече дека тој навистина не знае што како Влада тие да направат повеќе за да помогнат.
-Ние немаме ингеренции, нити пак согласно Законот за локална самоуправа можеме нешто да направиме. Тоа е најлошото што во овој момент може да се случува и затоа министерот има амбициозна агенда да се измени законот во тие сегменти затоа што очигледно може да ни се случи како ова што ни се случи – комплетно да биде парализиран главниот град поради одредено несовесно однесување на тие што треба да го менаџираат. Јас навистина не знам што можеме ние дополнително да направиме. Тоа што можеме тоа го правиме, рече Мицкоски.
Премиерот кажа дека Владата не може да ги менаџира јавните претпријатија бидејќи нема законски ингеренции.
-Доколку тоа го направиме ќе викаат на сила преземаме нешто или, пак, трошиме незаконски народни пари. Тоа не можеме да го направиме. Така што, уште еднаш еве до локалните избори, до промена на тимот којшто ќе го менаџира главниот град апелирам на разум, замолувам на разум барем овие месеци како можеме да помогнеме кажете да помогнеме само граѓаните да не ги чувствуваат последиците од лошото менаџирање и меѓусебните конфликти коишто се случуваат. Ајде, конфликтот што е со Владата еве ние како Влада велиме нема повеќе конфликт. Кажете што треба само да помогнеме, само работата да биде како што треба. Но, очигледно таму и внатре има многу конфликти, многу недоразбирања коишто резултираат со ова кое што сега му се случува на ЈСП, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Обвинение за криумчарење луксузни автомобили
-
Судски совет денеска избира нов претседател
-
Се трага по уште едно лице – возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар
-
Зеленски: Непредвидливоста на Трамп може да помогне да го запреме Путин
-
Дел од населбата Кисела Вода без вода
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО
-
Убиството во Тетово се случило пред два дена - таткото од тогаш не го напуштил станот