Тошковски: Во 2025-та сите заедно посветено да работиме на обезбедување мир, стабилност и просперитет
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски со видео-обраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честита на граѓаните Новата 2025 година.
Во обраќањето Тошковски посочува дека во текот на изминатата 2024-та, уште од првиот ден од преземањето на одговорноста, максимално посветено, професионално и транспарентно се ангажирал во решавањето на затекнатите ситуации и заедно се постигнати значајни успеси.
-Ги идентификувавме пропустите и веднаш презедовме мерки со кои ја вративме довербата на граѓаните. Нема повеќе нарушување на достоинството на никого, на ниеден граѓанин. Во таа насока, секојдневно продолжуваме со унапредување и модернизација на услугите и процесите со цел креирање побрзи и поефикасни решенија и услуги за сите македонски граѓани. Затоа вложуваме и посветено градиме полиција која ќе биде модерна, опремена, обучена и спремна да одговори на сите предизвици. Безбедноста и достоинството на граѓаните се наш најважен приоритет, вели тој.
Тошковски нагласува дека завршило времето кога неправдата и криминалот остануваа неказнети.
-Заврши времето на „како досега“, кога неправдата и криминалот остануваа неказнети и ве уверувам дека никој во иднина нема да го краде македонскиот народ без притоа да одговара пред истиот. Верувам дека делата и бројките што ги остваривме сами говорат за нашата одлучност во борбата со криминалот и корупцијата кои го разоруваат општеството и ја нарушуваат благосостојбата на граѓаните. Нашата порака е јасна. Секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата, а секој еден украден денар ќе биде вратен во буџетот на граѓаните, вели тој.
Во новата 2025 година, посочува Тошковски, на прагот на новите надежи и новите цели, искрено посакувам сите заедно посветено да работиме на обезбедување на мир, стабилност и просперитет.
-Да изградиме систем кој ќе гарантира поголема сигурност, правичност и транспарентност за секој граѓанин да се чувствува вреден и заштитен. И можеби најважно од се, да почнеме да ги почитуваме и имплементираме цивилизациските вредности кон кои се стремиме. Да продолжиме да бидеме горди на нашето културно и историско наследство, македонската култура, македонскиот јазик и сите обележја на македонскиот идентитет со кој се прикажуваме пред големото европско семејство и пред целиот свет. Само така, почитувајќи ги и прифаќајќи ги сите различности, едни на други ќе овозможиме напредок и благосостојба на сегашните, но и идните генерации. Драги македонски граѓани, драги Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и сите граѓани на нашата Македонија, убаво да ги поминете новогодишните празници и од срце ви посакувам мир, здравје и благосостојба на вас и вашите најблиски. Нека ви е среќна нова 2025 година!, вели во честитката минитсерот Тошковски.
Ново на Сител
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Со возилото кое излета во Вардар управувала една од починатите жени
-
Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година