Македонија
5. July 2024 - 16:40

Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи

Амбасадорите се подготвени да соработуваат со новата влада за реофрмирање на правосудниот систем. Откако вчера премиерот Мицкоски порача дека нивните критики за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители се дирекно мешање во внатрешните работи на држава и ги повика да понудат подобри решениеја, евроамбасадор Гир и германската амбасадорка Дрекслер велат дека ова се важни прашања за евроинтегративниот пат на Македонија.  

Ова е од суштинско значење за европскиот пат на земјата, и ние ќе продолжиме да се ангажираме со премиерот и со Владата за да ги разгледаме најдобрите начини да се оди напред. Се надеваме на конструктивен дијалог, делиме исти цели, да ја донесеме земјата во ЕУ колку што е можно побрзо – истакна Гир

Ќе го продолжиме дијалогот со новата Влада и верувам дека тоа ќе се вреднува од двете страни. Имаме размена на прашања во областа на владеењето на правото, што е дел од процесот за пристапување во ЕУ, Кластерот Темели е многу важен и се надеваме дека ќе го продолжиме дијалогот со Владата – нагласи Дрекслер.

Пораките Гир и Дрекслер ги испратија пред почетокот на НАТО појадокот кој го организираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Муцунски порача дека Македонија останува лојален НАТО партнер а европската интегарција е неопходна за поголема стабилност на регионот.

НАТО Алијансата на претстојниот самит во Вашингтон следната недела ќе го одбележи 75-иот јубилеј. На самитот се очекува и прва средба помеѓу македонскиот и грчкиот премиер.