СДСМ објави табло од Мицкоски и пратениците: „Класниот и неработниците
Мицкоски на таблото со пратениците од опозициската партија е претставен како класен раководител, а фотографијата е насловена како ДСУ „ВМРО-ДПМНЕ“ – отсек „неработници“.
„Неработниците и класниот, овие не чинат 55.000 евра месечно“, пишува во објавата која следи по почетокот на активната блокада на Собранието од страна на пратенциите на опозицијата.
СДСМ во соопштение појасни дека само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно, а дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци.
„Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните. Наместо да ги заработат тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните.
Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисиите кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните.
Наместо блокади на Собранието во време не светска економска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони“, се наведува во соопштението и се додава дека граѓаните не ја дале довербата за пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата.
Ново на Сител
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи
-
Мицкоски и врати на Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија
-
Кој ја партизира АНБ - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска со меѓусебни обвинувања