СДСМ: Не постојат никакви пречки веднаш да се додели мандатот за влада
СДСМ оценува дека не постојат никакви пречки веднаш да биде доделен мандатот за нова влада и оти повеќе претседателот Ѓорге Иванов нема никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска.
- Државен интерес на граѓаните на Р. Македонија е да добијат влада како што изгласаа којашто ќе ја придвижи земјата напред во евро-атлантските процеси и ќе обезбеди квалитетен живот за сите и тоа ќе се случи. Ќе биде реафирмирана и програмата на новата реформска влада што ја гарантира унитарноста и независноста на државата, наведува СДСМ во денешното соопштение.
СДСМ смета дека е потребно итно смирување на политичката и економската состојба во државата и оти секое спротивставување на мирниот трансфер на власта повлекува одговорност.
- Ги повикуваме сите во државата конструктивно да се вклучат во демократските процеси, што се незапирлив процес, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тема на денот со Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за Безбедност
-
Голем пожар во Струмица
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот