СДСМ најави промена во функционирањето на Собранието
Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска најави дека планираат да го променат начинот на којшто досега функционираше Собранието на Република Македонија.
- Според нашиот план ќе ги обврземе сите матични комисии во Собранието на Република Македонија задолжително да се отворат кон невладините организации, коморите, синдикатите и тоа не само за дебати по закони, туку исто така и за надзорните расправи, истакна Шекеринска на прес-конференција.
СДСМ планира пратениците да се бираат преку отворени листи, да се ограничи употребата на носење на законите по скратена постапка, претседателот на Собранието еднаш годишно да реферира пред законодавно-правната комисија за тоа колку често се користеле скратените постапки и да се ревидира начинот на исплата на патните трошоци за пратениците кои живеат надвор од Скопје.
- Сметаме дека само со вакви мерки ќе можеме да ја вратиме силата, значењето и довербата во Собранието на Република Македонија. Само на таков начин ќе имаме силно собрание кое ќе биде во состојба да ја контролира извршната власт, рече Шекеринска.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи