СДСМ: Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство само ако го поддржи европскиот пат
Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција.
Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на националните и стратешките цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи.
После 17 години стоење во место, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Скринингот тече одлично и наскоро ќе финишира.
Државата има историска шанса за продолжување на европскиот пат.
Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитички момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме.
Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.
Мицкоски се уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши