Македонија
30. July 2022 - 15:47

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, а референдумот му е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Мицкоски е против ЕУ а референдумот му е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

Кристално јасно е дека Христијан Мицкоски е против членството во ЕУ и сите негови активности се насочени исклучиво против ЕУ.

Впрочем и самиот Христијан Мицкоски јавно кажа дека е против Европската унија.

Мицкоски стана едно со Димитар Апасиев, ВМРО-ДПМНЕ стана едно со Левица, проруска партија која е против НАТО и ЕУ.

Граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.

Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ.

Референдумот кој го најавува Мицкоски, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето служи само за лична внатрепартиска употреба.

Референдум против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, против ЕУ не може да успее.

Центар за комуникации со јавноста - СДСМ