Македонија
3. November 2023 - 10:10

СДСМ: Демантирани лагите на Мицкоски за Онкологија

Лагите на Мицкоски за Онкологија се демантирани, не постои и воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година.

Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа, која ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле.

Лагите на Мицкоски, кои ја вознемируваат јавноста, претставуваат обид за упад и ја загрозуваат истрагата за Онкологија.

Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата.

После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување.

Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност.

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ