СДСМ: 2021 е година на позитивен пресврт во нашето општество, со “Акција 21” ја носиме Европа домa
Реализацијата на стратешка рамка на Владата „Акција 21 – за европски стандарди дома“ е главниот фокус на Владата предводена од СДСМ во 2021 година. Во „Акција 21“ се опфатени 10 приоритети, секој подеднакво важен за позитивна трансформација на македонското општество.
Прв приоритет е правосудството и негово прочистување со цел обезбедување на силна и ефикасна правна држава која испорачува правда.
"Акција 21- за европски стандарди дома" , значи и обврзување на силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина. Во таа насока следува засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средина.
2021 година ќе биде година на конечно запирање на ширењето на КОВИД-19 и санирање на штетите од глобалната криза. Работиме на навремена и брза вакцинација. Во февруари, Република Северна Македонија ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Постигнат е директен договор со компанијата, а следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Продолжуваат разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот и се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.
Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.
Преку индустријата за одгледување канабис за медицински цели и за производство на продукти од оваа билка, светските и европски стандарди ги носиме дома. Светот сведочи дека ова е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата предводена од СДСМ да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис кој во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места.
Меѓу десетте приоритети од „Акција 21“ се и спроведување на попис според стандардите на ЕУРОСТАТ, вложувања во енергетиката и инфраструктурата, борбата против лажните вести, реформи во образовниот систем, како и искористување на нови економски потенцијали.
2021 година во којашто треба да се случи позитивен пресврт во нашето општество.
Токму десетте приоритети од „Акција 21 – за европски стандарди дома” и нивното исполнување ќе биде наш мотив да работиме и да продолжиме европските стандарди да ги спроведеме во секој сегмент од нашето секојдневно живеење.
Граѓаните заслужуваат да живеат во држава со европски стандарди, во отворено, слободоумно, развојно и напредно општество.
Тоа е нашата заложба за 2021 година и годините по неа.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре