Свет
6. January 2020 - 21:32

Сцени како од најстрашните хорор филмови: Небото крваво, песокот на плажата црн, ова се последиците од пожарите во Австралија

На плажата Меримбула во австралискиот Нов Јужен Велс атмосферата беше како на Марс или некој хорор филм.

Небото беше потполно црвено, а низ воздухот поминуваше црн чад. Пепелта ја прекри плажата и изгледаше како песокот да е црна боја.

 
„Наслаги од црн пепел има на плажата. Позади се голем број евакуирани луѓе, а се што сега имаат некои од нив се автомобил или шатор, рече Џордин Бизли.
 

Напомена дека поради пожарите се смрачува околу 16 или 17 часот, иако обично паѓа мрак околу 21 часот.

Властите во саботата им наложија на мештаните на Еден да се евакуираат кон Меримбула.

Само во сојузната држава Нов Јужен Велс горат околу 150 пожари, а 60 се уште активни.