Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак
Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир го повика Иран да прекине со мешањето во внатрешните работи на Ирак, обвинувајќи го дека ги поттикнува верските судири во земјата.
- Доколку Иран сака мир и стабилност во Ирак, треба да престане да се меша во таа земја и да се повлече од неа, изјави вчера Ал Џубеир на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во градот Џеда.
Сунитското кралство Саудиска Арабија и шиитската Исламска Република Иран се борат за влијание врз Блискиот Исток, особено во Ирак, Сирија и Јемен.
- Присуството на Иран во Ирак во каква и да е форма е неприфатливо, како што е неприфатливо и испраќањето војници од шиитските милиции во Ирак за да играат верска улога во таа земја, изјави саудискиот министер.
Тој го повика Иран да го почитува принципот на добрососедство и да не се меша во работите на земјите од регионот, а на прво место во Ирак.
Иран има воени советници во Ирак и Сирија, кои им помагаат на армиите на двете земји да се борат со вооружените групи, кои и се спротивставуваат на власта.
Ново на Сител
-
Приватните автобуси повторно на скопските улици, Владата наскоро очекува нови електрични автобуси
-
Состојба на патиштата
-
Студено утро со температури и до минус 11 степени
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад