Сашо Милошевски го фати крстот во Кисела Вода, наградите ќе ги донира на социјални семејства
Триесет и едногодишниот Сашо Милошeвски беше најсреќен од 47-те верници, кои денеска во базенот „Расадник” во Кисела Вода, скокнаа да го фатат Светиот крст.
Милошевски посака здравје, среќа и успех за себе и за неговото семејство, а добиените награди, како што изјави, во духот на христијанството ќе ги донира на социјално загрозени семејства.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски му честиташе на Милошевски и им се заблагодари на сите кои учествуваа во денешната манифестација. Потенцираше дека тие дадоа свој удел во идејата за обединување на народот и продолжување на вековната традиција на празнување на овој голем христијански празник.
– Исклучително важно ми е што денес, овде, во Кисела Вода, имавме вистинско обединување. Сакам да ги поздравам за својата храброст сите оние кои денес се фрлаа по крстот и воедно, да му честитам на оној кој што го фати крстот, Сашо. Добар гест е она што го направи, во духот на православието, да ги донира овие работи што ги доби денес од општината и нашите општествено одговорни компании. Ова е една традиција која што беше замрена со години наназад во општина Кисела Вода. Драго ми е што има ваков одѕив, имаше присутни над 500-тини наши сограѓани. Се надевам дека ова ќе премине во вистинска традиција, рече Ѓорѓиевски.
Бројката на пријавени за фаќање на крстот, како што рече, ги надминала очекувањата.
– На почетокот мислевме дека нема да има повеќе од десетмина, но мислам дека беа вкупно 47 пријавени, рече Ѓорѓиевски.
На чинот на положување на крстот му претходеше света литургија со која чиноначалствуваше отецот Благоја од црквата Св. Ѓорѓија. За најсреќниот Сашо Милошевски беа обезбедени средства во висина од 12.000 денари од општината, икона, апарати за домаќинстово и вредносни ваучери од повеќе општествено одговорно компании.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај