Македонија
8. March 2019 - 12:49

Самоубиство во Карпош 4

Претпладнево околу 11 часот маж на возраст од 56 години си го одзеде животот скокајќи од 5 кат на зграда на ул. Трифун Бузев бр.1 во скопската населба Карпош 4, дознава Сител.

Соседите веднаш повикале Брза помош, но медицинската екипа констатирала смрт.

Во тек е полициски увид, причините за смртта ќе бидат предмет на полициска истрага.