Самостојна изложба на Љуан Зенку во Гостивар
Во галеријата „Култ“ во Гостивар синоќа беше отворена самостојната изложба со наслов „Традиционален фолк“ на гостиварскиот ликовен уметник Љуан Зенку.
Тој пред љубителите на ликовната уметност се претстави со дваесетина дела од неговиот последен опус изработени во техниката акрил на платно.
На отварањето на изложбата, академскиот професор Решат Амети осврнувајќи се делото на овој уметник напомена дека Зенку е еден од најдинамичните и најенергични ликовни уметници на нашите културни простори, со богата визија во перцепцијата и презентација на финалниот уметнички производ.
- Презентираните дела ја потврдуваат неговата енергија и уметничка креативност. Композицијата во неговите дела е отворена и динамична, колоритетот е богат, експресивен и сугестивен, рече Амети.
Љуан Зенку активно се занимава со уметност последниве две децении и е анагажиран во организирањето на културно-уметнички настани. Последниве три години раководи со Центарот за култура „АСНОМ“.
Изложбата ја организираше ЗЛУМ „Драудакум“ со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат