Само 3% од младите се задоволни од своето место во општеството
Само 3 отсто од младите се целосно задоволни од своето место во општеството, а дури 85 проценти од нив не биле консултирани од властите при носење на политики, покажува истражувањето на Младинскиот образовен форум.
Сепак, младите се оптимисти во однос на европските интеграции. 60 отсто ветуваат дека Македонија ќе стане членка на Европската унија, од кои дури 70 проценти дека тоа ќе се случи до 2025 година. Сепак, истражувањето е направено пред одлуката на Франција за блокирање на Македонија.
Од МОФ велат дека таа одлука можно е да влијаела на намалување на оптимизмот кај младите. Најмладите, оние до 18 години се најголеми оптимисти за европската интеграција на земјата.
Истражувањето покажува и дека младите имаат конзервативни ставови. 6 од 10 млади луѓе сметаат дека луѓе од ЛГБТ заедницата не треба да бидат дел од политиката. 85 отсто велат дека на Македонија и треба да ја води човек со цврста рака, односно авторитарен лидер.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши