Сакал чисто минато: Поранешен осуденик фалсификувал потврда за неосудуваност за да добие австралиска виза
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.Л. (43) од село Граешница, битолско, за сторени кривични дела: “поттикнување“ во врска со “Фалсификување службена исправа“ и “Фалсификување исправа“.
Пријавениот, којшто претходно бил повеќекратно осудуван, при аплицирање за добивање виза од Австралиска амбасада во Белград, искористил лажна исправа, односно потврда од казнена евиденција, којашто била издадена на име на лице од село Журче, Демир Хисар.
Откако, во Австралиската амбасада во Белград се посомневале во веродостојноста на документот, побарале интервенција од страна на почесниот конзул на Република Македонија во Австралија, по што на 31.10.2017 година од негова страна е испратено барање до основен Суд Битола, за експертиза и известување околу валидноста на издадената потврда.
При извршената контрола и увид во архивската документација констатирано е дека се работи за фалсификуван документ, а СВР Битола превзема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ
-
ЈСП има нафта за 7 дена - Што потоа? Владата ќе набавува електрични автобуси
-
Тема на денот со Методи Хаџи Јанев, професор по безбедност
-
Мицкоски во Белград на средба со Вучиќ и Вучевиќ