САД планираат да воведат нови санкции против Русија
Официјален Вашингтон се надева дека следната недела, заедно со сојузниците на НАТО, ќе објават нови антируски мерки поради ситуацијата во Украина, изјави шефот на Стејт департментот Мајк Помпео.
Состанокот на министрите на НАТО ќе се одржи во Вашингтон на 3 и 4 април.
Помпео истакна дека „треба да се направи повеќе“ и „да се спротивстават на активностите на Русија во Крим, Азовското Море и регионот“. Државниот секретар не е сигурен дека САД прават доволно за ситуацијата околу Крим. САД планираат да дејствуваат на начин со цел Украина да добие контрола над Крим, рече тој.
Говорејќи за претстојните избори во Украина, Помпео рече дека „напорите за борба против корупцијата се исклучително важни, тие реформи ќе бидат од суштинско значење за враќање на демократијата која украинскиот народ ја заслужува“.
Помпео, без да претстави докази, рече дека Русија се мешала во изборите во САД од 2004 година досега.
Неодамна, за време на телефонски разговор, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров „го опомена“ Помпео за надворешната политика на САД.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство