Свет
19. November 2015 - 8:57

САД не ги координираат воените дејствија со Русија против ИД, но би можеле во иднина

САД моментно не ги координираат своите воени дејствија со Русија против терористичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, но не исклучуваат таква можност во иднина, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Керби.

Тој ја коментирал изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд за неопходноста од создавање голема антитерористичка коалиција со учество на водечките западни држави и Русија.

- Во последните денови Русија изврши напади во Рака, каде се концентрирани борци на ИД и ние го поздравивме тоа, истакна Керби.

Според него, заеднички дејствија се можни само доколку Русија навистина се бори против ИД, а не против сириската опозиција.