САД ќе испорачаат оружје на Курдите од Сириските демократски сили
САД донесоа одлука да им испорачаат оружје на Курдите од Сириските демократски сили, наменето за борбата против групата Исламска држава (ИД) и покрај противењата на Турција, јави ДПА.
- Американскиот претседател Доналд Трамп го овласти Министерството за одбрана да достави лесни оружја, автомати, муниција, блиндирана техника и друга опрема, соопшти портпаролка на Пентагон, Дејна Вајт.
Таа потенцираше дека САД се целосно свесни за загриженоста на Турција.
- Сакаме да ги увериме народот и Владата на Турција дека САД се посветени на превенцијата на дополнителни ризици за безбедноста и заштитата на нашиот партнер од НАТО - Турција, изјави Вајт.
Турција е загрижена поради соработката на САД со Силите за заштита на народот (СЗН), кои ја сочинуваат основата на Сириските демократски сили, во борбата против ИД. Анкара ги смета СЗН за терористичка група поврзана со забранетата Курдска работничка партија (ПКК).
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно