САД ќе и обезбедат на Украина уште еден систем „Патриот“
Американскиот претседател Џо Бајден планира да и обезбеди на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за одбрана од руски воздушни напади, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори во американската влада.
Бајден ја донел одлуката по серијата состаноци на високо ниво минатата недела, објави весникот.
Според „Њујорк Тајмс“, системот за кој станува збор се наоѓа во Полска и би можел да биде распореден на линијата на фронтот во Украина за неколку дена. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде вториот систем „Патриот“ од американско производство што Вашингтон ќе му го достави на Киев.
Бајден даде зелено светло за првиот систем пред 18 месеци кога украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во САД првпат по руската инвазија на Украина за да се обрати пред американскиот Конгрес
Ново на Сител
-
Грабеж на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар