Блинкен испрати „најдобри желби“ по повод Денот на независноста на Северна Македонија
– Американскиот Стејт департмент во име на САД, денеска испрати честитки до народот на Северна Македонија по повод 31-та годишнина од независноста на земјата.
-Со отворањето на пристапните преговори со Европската Унија, Северна Македонија годинава направи oдличен напредок кон европските интеграции. Сојузништвото во Европа и тежнеењето по нашите демократски вредности е многу поважно сега од кога и да било, истакна државниот секретар Ентони Блинкен.
Во честитката се нагласува дека „во годните што следуваат САД ќе продолжат со поддршката за нашиот сојузник Северна Македонија во неговиот европскои пат“.
Блинкен исто така укажа и дека „двете земји споделуваат демократски вредности и заложба за човекови права чија положба е силна во лицето на глобалните предизвици.“
-САД ќе продолжат да стојат со вас како правите одличен напредок за зголемување на просперитетот на сите ваши граѓани, подобрувајќи го владеењето на правото и зацврстувајќи ги вашите демократски институции. Ви пожелувам најдобри желби на овој посебен ден, порача државниот секретар Блинкен.
Ново на Сител
-
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
-
Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
-
Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки
-
Македонскиот БДП со раст од 2,8 проценти во 2024 година, странските директни инвестиции достигнаа милијарда и 255 милиони евра
-
Медиуми: Трамп планира депортација на 240.000 Украинци
-
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови
-
Шест медали за вината „Монтеко“ во најсилната светска конкуренција на фестивалот „Мундус вини“ во Германија
-
Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците