Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

Лицето Албана Жута не ги исполнило условите за поставување вршител на должноста директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, односно не била назначена од редовите на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик, покажал извештајот на Државниот просветен инспекторат направен во август 2024 година. Тоа го кажа Виолетка Џудеска, просветен инспектор од Струга која го вршела надзорот во училиштето, во својство на сведок на денешното судско рочиште против градоначалникот Рамиз Мерко за незаконско поставување директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“.
По распишаниот јавен оглас од страна на Општината за директор на училиштето, Жута била единствен предлог од училишниот одбор и градоначалникот донел решение за нејзино именување. Согласно законот доколку на оглас не се јави лице што ги исполнува условите за директор, може да биде избрано лицето, но во рок од една година од денот на именувањето да положи испит за директор и за сертификат.
Жута, која ја искористи законската можност за преведувач од албански јазик на судењето, во своето сведочење посочи дека била вработена во средното „Ибрахим Темо“ како професор по албански јазик, од каде е избрана за в.д. директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ без оглас, во консултација со градоначалникот Мерко и тогашниот министер за образование Јетон Шаќири.
Градоначалникот Мерко се изјасни дека не се чуствува виновен за овој случај.
Претходно во Струшкиот суд беше одложено рочиштето против Мерко за незаконско поставување директори на училиштата во Радолишта, Лабуништа и Подгорци, поради непојавување на сведоците, без, според судечкиот судија Јордан Јованов, оправдани причини. Според него, на следното рочиште тие ќе бидат обезбедени со полициска асистенција.
- Сметам дека не е дозволиво и дека е непочитување спрема судот да се пишуваат некои работи кои не може да се сметаат за оправдана причина. Тоа што е напишано создава сомеж дека некој избегнува да се појави на суд и од тие причини доколку не сакаат по редовен пат ќе мора за жал да користиме присилни механизми. Тоа е многу жално што мора да активираме ваков механизам, но на некој начин сведоците мора да се дисциплинираат и да го почитуваат судот, изјави Јованов.
За одлагањето на судското рочиште по предметот за Егзона Шеј, за незаконски поставена за директор на основното училиште „Зини Хани“ во Велешта, која се товари и за фалсификување дипломи, судијата кажа дека било поради здравствени причини на бранителот, кој доставил соодветна медицинска документација за неговата состојба.
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено повеќе (девет) обвиненија за несовесно работење во службата.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
